980
Кафулињата и баровите во целиот регион на Брисел од утре ќе бидат затворени еден месец со цел да се запре зголемениот број заразени со новиот корона вирус, соопштија денеска белгиските власти.
Покрај тоа, забрането е консумирање алкохол на јавни места во 19 општини во регионот.
Рестораните можат да останат отворени. Новите мерки се слични на оние што се применуваат во Париз од вторникот.