Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави.
„И оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата.
За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери…. Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта – нема да одговора.
Секој еден којшто прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени“, порачува Спасовски во фејсбук статус на социјалните мрежи.