Во моментот на инфективните одделенија во болниците се лекуваат вкупно 415 пациенти од активни 4.236 заразени.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.