Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.
-По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од министерството.