Во болниците се лекуваат 1.224 заразени со Ковид-19

by fokus

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 102 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 91 пациент, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 66, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости