Во Битолско загина 63-годишник, со возилото излетал од патот

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с. Кременица, Битолско, Ж.Р.(63) од с. Средно Егри, Битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 

Поврзани новости