Во Битола уапсен мажот кој им се закануваше на Јовевски и Русковска

by Fokus

Во Битола е уапсен мажот кој пред десетина дена му испрати заканувачко писмо на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, а подоцна и обвинителката Вилма Русковска потврди дека добивала заканувачки писма со слична содржина, дознава неофицијално „Фокус“.

Засега идентитетот на заканувачот не е потврден, а не се знае и дали навистина е член на терористичка организација како што пишуваше во заканувачките писма.

-Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа. Ова е само дел од писмото со закани по живот кое вчера го добил Јавниот обвинител Јовески. Со препорачана пратка, испратена од Пошта во Битола, се бара ослободување од гонење на двајца новинари од ТВ АЛФА, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Во писмото испраќачот се претставуваат како дел од терористичка организација, која има астрономска поддршка насекаде низ државата и која ќе се бори и ќе ги брани до последна капка крв новинарите кои го преставуваат гласот на народот.

Инаку постапката која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на Јавен обвинител.

С.Т.

 

Поврзани новости