1.2K
На 23-ти август во Битола ќе се избира македонски фолк хит на годината. Настанот кој е во организација на модното студио Санел ќе се одржи во ресторан Лукс Ланџ, и најавено е учество на повеќе од 20 пејачи и музички групи.
Сања Барби, Ирена Спасовска, Марјан Коцев, Тања и Мики Тралала, Туше, Дарко Билбиловски, ,,Маестрал”, ,,Оскар”, ,,Милениум” и многу други се најавени како дел од настанот.
Како што информира организаторот, Пикси Санел, влезниците се продаваат по цена од 300 денари, односно комплет со мени по цена од 600 денари.
Вики Клинчарова