466
МВР информира дека рано утринава во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 18 возачи.
Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол во крвта.
За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.