Четири млади лица загинаа околу 1 часот по полноќ во сообраќајна несреќа во градот Добриње во Босна и Херцеговина. Возилото слетало во реката Босна.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Алдина Алиќ, за „Klix.ba“ потврди дека во возилото се пронајдени четири безживотни тела. Жртвите се од Кисељак и Високо.
Полицијата прво добила дојава за 22-годишен млад човек кој талкал барал помош со видливи повреди и полусвесна состојба. Младиот човек тешко комуницирал и на полицијата им рекол само дека се сеќава дека бил во возило со уште неколку лица и дека слетале во реката.
Веднаш била започната потрага по возилото, која завршила околу 4 часот кога возилото било забележано во реката. После тоа почнале да го извлекуваат од реката.