Во БиХ веќе не е задолжително носењето маска на отворено

by Fokus

Владата на БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде што не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб.

Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските постојки.

Исто така, се наведува дека на ниво на Федерација БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100 000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и Посавскиот кантон е особено загрижувачка.

Поврзани новости