480
Со новите измени, значајно се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца.
Предлог измената на законот за патните исправи во Босна и Херцеговина, со која лицата кои не платиле алиментација не можат да добијат пасош, а доколку имаат издаден пасош ќе им се одземе, упатен е во парламентарна процедура.
Законот сега дозволува да се одбие барање за издавање патна исправа, но само ако постои основен сомнеж дека подносителот ќе избегне извршување на обврска од брачниот однос или однос родител – дете и тоа само „на барање на надлежен суд“.
Со новите измени, значајно се заострува третманот на лицата кои ги избегнуваат обврските кон своите деца.