Во Берово утрово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

by Fokus

Во Берово утрово е измерена најниска температура во државата од – 13 степени Целзиусови. Следи Попова Шапка и Маврови Анови со -12, -10 Крива Паланка, -9 Битола, Скопје-Петровец, -8 Претор, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Виница, -6 Охрид, Тетово, -2 Гевгелија, 0 Дојран.

Како што информира УХМР, во 7 часот највисока снежна покривка  од 30 сантиметри е измерена на Попова Шапка, 29 во Маврови Анови, 9 Пожаране, Крушево и 4 во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Кон крајот на денот во североисточните со зголемената облачност ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Поврзани новости