Во Белград протест против насилството, граѓаните се ослободуваат од стравот

by Fokus

Во Белград се одржува десеттиот протест на опозицијата „Србија против насилството“. Собирот на граѓани почна во 19 часот пред Собранието на Србија. За вечерва се најавени протести и во Нови Пазар, Краљево и Крагуевац. Протести против насилството вчера се одржаа и во повеќе градови во Србија. Протести имаше во Нови Сад, Ниш, Јагодина, Зрењанин, Горњи Милановац, Шабац, Зајечар, Врање, Чачак, Пирот.

Претставникот на Заедено Ѓорѓе Микетиќ изјави дека изборите во Белград во овој момент ќе бидат „замка“  и дека фокусот треба да биде ставен на исполнување на барањата на граѓанските протести.

„Граѓаните почнаа да се ослободуваат од стравот. Белград е главно слободен град. Во текот на летото фокусот ќе биде на протестите во помалите градови, бидејќи најтешко е да се биде опозиција во мал град. Сакаме да ги охрабриме луѓето во внатрешноста на Србија, да им обезбедиме поддршка, да ја олесниме борбата против локалните шерифи кои се закануваат и уценуваат цели градови“, изјави Микетиќ за „Нова.рс.“

Поврзани новости