Вчера во попладневните часови во Белград е убиен братот на вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пренесе Н1.
„Синоќа околу 18, 19 часот полицијата добила повик дека дошло до тепачка, отишле на адресата на Вождовац, го пронашле повредениот со сопругата. Тој бил пренесен во Итната помош и таму починал. Дачиќ изјави за ТВ Блиц.
Како што пренесуваат белградските медиуми, Ѓорѓе Мијатовиќ починал откако бил претепан од хулигани во детскиот парк во Вождовац.
Според неофицијални информации, тој бил претепан од две млади момчиња по кои полицијата се уште трага.
Неофицијално, синот на Мијатовиќ вчера се пожалил дека двајца млади момчиња го задевале во паркот, по што Ѓорѓе излегол надвор и се соочил со нив за да го одбрани. Претепан успеал да стигне до зградата и да влезе во неа. Тогаш го пронашла сопругата и повикала лекари и полиција. Мијатовиќ починал во болница.