Предвремените избори во Србија вчера беа обележани со доминација на партијата на претседателот Александар Вучиќ.
Владејачката Српска напредна партија (СНС), од чие раководство Вучиќ формално се повлече во мај оваа година, освои 46,3 отсто од гласовите, што ќе и обезбеди 128 мандати во 250-члениот парламент, според прелиминарните резултати од републиканските избори, врз основа на 99,8 отсто од преброените гласови.
Проевропската опозициска коалиција на левиот центар „Србија против насилството“ со 23,6 отсто од гласовите ќе има 65 места во парламентот, а социјалистите на поранешниот коалициски партнер на Вучиќ – Ивица Дачиќ со 6,6 отсто ќе имаат 18 мандати.
Во Белград вечерва се одржува протестен состанок на коалицијата „Србија против насилство“. По говорот на почетокот на средбата пред Собранието на Белград, колоната дојде до зградата на Републичка Изборна Комисија (РИК) каде, како што најавија, ќе ги предадат доказите за изборните нерегуларности во Белград.
Пред РИК има голем број луѓе кои се незадоволни од резултатите на изборите во Белград и во Србија.
Како што јави репортерот N1, во еден момент била пробиена оградата пред РИК, а луѓето кои се дел од протестот влегле директно до вратата од малата зграда на Народното собрание, каде што обезбедувањето реагирало.
Организаторите од „Србија против насилството“ ја повикаа толпата да не фрла јајца и други предмети кон прозорците на РИК, што беше пропратено со свирежи.
Во околните улици има и припадници на жандармеријата, со опрема за разбивање демонстрации.
Лидерите на коалицијата Србија против насилство, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ почнуваат штрајк со глад до поништување на изборите во Белград, соопшти вечерва Тепиќ пред зградата на РИК.
„Не сакаме и не смееме да ги признаеме изборите во Белград, бидејќи тие се противзаконски, злоупотребени се луѓе од други земји“, изјави Тепиќ пред зградата на РИК.
Како што рече таа, коалицијата СПН има „десетици илјади такви докази и нема шанси некој овде да ги признае изборите во Белград“.
Marinika Tepić i Miroslav Aleksić večeras započinju štrajk glađu u RIK-u zbog krađe izbora! pic.twitter.com/2aoffGuH2M
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) December 18, 2023