Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, е убиен во експлозија во јужен Бејрут, соопшти палестинската милитантна група.
Либанската државна Национална новинска агенција објави дека четири лица загинале во експлозијата, која ја изврши израелско беспилотно летало, пренесува Sky News.
Ал-Ароури, еден од основачите на военото крило на Хамас, беше шеф на палестинската милитантна група на Западниот Брег.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се закани дека ќе го убие уште пред почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври 2023 година.
Експлозија ги потресе јужните предградија на либанската престолнина во вторникот вечерта, предизвикувајќи хаос во упориштето на милитантната група Хезболах, но природата на експлозијата не беше веднаш позната.
Не е јасно дали експлозијата предизвикала жртви во предградијата на Бејрут, но видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат сериозна штета и пожар.
Размената на оган меѓу израелските војници и припадниците на Хезболах долж јужната граница на Либан трае повеќе од два месеци. Борбите се концентрирани на неколку километри од границата, но во неколку наврати израелските воздушни сили ги погодија цели на Хезболах подлабоко во Либан.
Претходно Хезболах соопшти дека неговите борци извршиле неколку напади долж либанско-израелската граница насочени кон израелските воени позиции.