Во Батинци автобус на ЈСП удри во 55-годишна жена

by Fokus

МВР информира дека вчера наутро во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с. Драчевица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости