На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што се уште е во доста добра состојба.
Како што се наведува, бродот потекнува од крајот на 15. или почетокот на 16 век. Се претпоставува дека јарболите, како и другите делови од пловилото се речиси нечепнати поради ладните и помалку солени балтички води.
Потеклото на бродот сè уште не е точно утврдено. Освен тоа, нема име, оти во тоа време и во овој дел од светот, именувањето бродови не било пракса, па штотуку пронајденото пловило е означено само како – „Непознат брод” (на шведски – „Okänt Skepp“). Долг е околу 18 метри, речиси колку славната водечка „Санта Марија” на Колумбо, која исто така, е изградена во тоа време. „Непознатиот брод” е од големо историско значење, оти е постар и посочуван од многу други потонати бродови во Балтикот.
Археологот Пачеко Руиз го опиша бродот како „најстариот брод на Балтикот” и нагласува дека никогаш порано не е откриен брод со јарболи и сидро во тоа подрачје.
Најголемото прашање е – како бродот воопшто завршил на дното, оти нема оштетувања што би можеле да предизвикаат потонување. Следуваат дополнителни истражувања.