Во Австрија ќе се дава трета доза од вакцината против Ковид-19

by fokus

Кампањата за примање трета доза вакцина против Ковид-19 во Австрија ќе започне на 17 октомври. Ова во интервју за австриското радио го најави министерот за здравство Волфганг Мукштаин.

Третата доза се однесува на оние кои примиле втора доза пред девет месеци – период во кој важи потврдата за вакцинација.

Владата очекува во наредните недели да добие дозвола од Европската агенција за лекови за да почне да вакцинира со трета доза.

Поврзани новости