Во Австрија има се повеќе позитивни ПЦР тестови на ученици и паралелки кои поради заразени ученици преминале на онлајн настава.
Оваа недела имаше повеќе позитивни тестови во провинциите Салцбург и Штаерска отколку пред една седмица. Во Салцбург со тестирање се „откриени“ 247 позитивни ученици, што е двојно повеќе од пред една недела, а во Штаерска 603, што е исто така двојно повеќе.
Во моментов, 1.900 паралелки се префрлени на онлајн часови поради болни ученици. Минатиот петок ги имаше 100 помалку.
„Мораме да тргнеме од тоа дека по викендот дел од часовите ќе се вратат на настава во училиштата, но и дека други ќе преминат на учење на далечина“, истакнуваат од Министерството за образование. Засега нема ниту едно училиште кое мора целосно да се затвори.
Според важечкото правило, наставата со еден болен ученик продолжува на училиште, но другите ученици мора да се тестираат секој ден. Ако втор ученик во класот се разболи во рок од три дена, тој клас/одделение ќе се префрли на онлајн настава.