Во Австралија регистриран првиот случај на заразен со новиот корона вирус

by Fokus

Австралија денеска потврди за прв случај на новиот вид коронавирус во државата Викторија, додека сојузната влада ги повика граѓаните да не патуваат во кинеската провинција Хубеи, епицентар на епидемијата.

– Кинез на возраст од 50 години кој бил во Вухан, е во стабилна состојба во болницата во Мелбурн, откако пристигнал со авионски лет од Гуангжу на 19 јануари, изјави министерката за здравство на државата Викторија, Џени Микакос.

– Важно е да се потенцира дека нема причина за тревога за заедницата, додаде таа.

Здравствените власти велат дека пациентот не е во многу сериозна состојба.

Бројот на смртни случаи од грип предизвикан од вирусот се зголеми на 41 лице  додека бројот на заразени лица ширум светот се зголеми на 1.300, но повеќето случаи, а и сите смртни случаи, се пријавени во Вухан, каде службениците воведоа строги ограничувања за патувања и јавни собири.

Поврзани новости