Во јули имало дури 765 пожари на отворен простор, додека статистички, во август има по 40 пожари на ден, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
-Имавме вчера дури 45 пожари, затоа повторно апелирам да бидат исклучително внимателни.
Досега имаме 16 пожари на отворено. 10 се активни, четири се ставени под контрола, а два се изгаснати.
Пожарот кој 25 дена беснее кај Македонски брод, со еден крак е навлезен во ловиштето Јасен, го успоривме, но и натаму е активен, додека вториот крак се движи кон селото Белица, и овој крак успеавме да го успориме, затоа што таму дејствуваме пет ер-трактори.
Вториот тежок е во Пехчево кој избувна вчера, за кого имам перцепција дека е намерно подметнат. Но, овој новиот кој избувна 50 метри подалеку од појасот. Се работи за пожар кој многу брзо се разви во квалитетна борова шума, но постои опасност да влезе и во букова шума. Дејствуваме со два хеликоптери, рече Ангелов.