Во Арачиново е пронајден арсенал оружје – продолжува акцијата на МВР која започна во неделата

by Fokus

Полицијата синоќа открила значителна количина оружје, меѓу кое пушки и пиштоли, скриени во објект во скопското село Арачиново, објавија дел од медиумите.

Арсеналот оружје кој е запленет е дел од пошироката акција на МВР насочена кон сузбивање на насилни криминални групи кои дејствуваат на повеќе локации низ земјата.

Акцијата започна во неделата, а продолжи и денеска со засилено полициско присуство.

Досега се извршени претреси на 30 локации од кои 28 во Скопје и две во Велес – при што, покрај оружјето, запленети се значителна сума на пари и други докази.

Приведени се седум лица за кои постојат основани сомневања дека се поврзани со криминални групи.

Според информации од МВР, тековните активности се насочени кон расчистување на неколку нерешени убиства што ја вознемирија јавноста.

Со оваа акција, полицијата испраќа порака дека нема да има толеранција за криминалните групи и нивното влијание во општеството.

Поврзани новости