Во Арачиново 13 годишник возел автомобил, удри во 14 годишник

by irena 14:36
14:36

МВР информира дека вчера наутро во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „10“ во с. Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с. Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести