Турски државјанин (19) падна од балкон на зграда во Карпош

by irena 14:28
14:28

МВР информира дека вчера попладне во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.

Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести