Во Албанија речиси сите јавни услуги ќе можат да се добијат по електронски пат

by Fokus

Од денеска повеќе од 95 отсто од јавните услуги во Албанија ќе се обезбедуваат по електронски пат, изјави премиерот Еди Рама.

Тој нагласи дека на овој начин „граѓаните ќе заштедат време, ќе се избегнуваат редици и ќе се стави крај на корупцијата во замена за одредена услуга“.

– Државата доаѓа кај вас само со еден клик. Ова е и голем спас од метежите, редиците и стресот со децении, за пензиско уверение или други документи за социјално осигурување и слично, кои сега секој Албанец ќе ги добива од дома, во Албанија или во емиграција. Сега државата доаѓа кај граѓанинот, граѓанинот повеќе не оди кај државата, истакна Рама.

Граѓаните ја поздравија таквата владина одлука, додека повозрасните лица се скептични бидејќи не се толку вешти во современиот начин на комуникација, но се надеваат дека во тоа ќе им помогнат помладите.

Поврзани новости