588
Првата група Авганистанци, вкупно 121, рано утринава пристигна во Албанија, а на аеродромот ги пречекаа албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка, како и американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким.
Меѓу пристигнатите Авганистанци има 11 бебиња, пренесува сајтот „Албанијан пост“.
Авиконот слета во 3 часот по полноќ, а станува збор за авганистански државјани кои работеле за американската мисија во оваа земја, пренесува „ABC Albania“.
Авганистанците прво ќе бидат прегледани од лекари од Институтот за јавно здравје, а потоа ќе бидат префрлени во Драч, Тирана и други градови во Албанија.
Се наведува дека планирано е да останат во Албанија додека не добијат виза за САД.