Во Албанија продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени од Ковид-19, бидејќи во овој месец во континуитет позитивни се од 18% до 20% од тестираните.
Во изминатото деноноќие од направените 943 тестови, новиот коронавирус е дијагностициран кај 168. Во исто време починале четири, додека оздравеле 94 лица.
Вупниот број на заразени изнесува 15.399, битката со опаснот вирус ја добиле 9.500, а починале 420 пацинети.
– Расте бројот и на заболените на кои им е потребно болничко лекување. Во моментот 246 се хоспитализирани во двете ковид болници. Поради постојаниот раст подготвени се уште четири болници, а во случај на потреба во уште неколку регионални болници ќе бидат отворени ковид центри, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Поради влошената епидемиолошка состојба, вчера премиерот Еди Рама најави задолжително носење заштитна маска и на отворено од 15 октомври.
Познати лекари од оваа област и понатаму сметаат дека се прават мал број тестови. Според нив дневно треба да се прават од 2.000 до 2.500 тестови за да се отслика реалната епидемиолошка состојба со Ковид-19.