746
Во Албанија, каде дневно во просек овој месец се регистрираат по 250 нови случаи со Ковид-19 или над 20 отсто од тестраните, денеска е регистрана најмладата жртва од опасниот вирус.
Станува збор за момче на 21- годишна возраст од Елбасан, кое е еден од четворицата починати пациенти во последното деноноќие. Меѓу нив е и познатиот албански професор доктор Елмаз Елези (86), поранешен директор на Инфективната клиника во Тирана.
Меѓу вкупно 469 починати до сега најмладата жртва беше 23-годишна девојка.
Денеска во Албанија е регистриран нов рекорд на новозаболени или 306 од тестираните 1.412 сомнителни случаи, што е околу 22 отсто од тестираните.