824
Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 156 случаи на коронавирус, што го зголеми вкупниот број заразени на 8.275, соопшти тамошното Министерство за здравство и социјална грижа.
Во меѓувреме, уште пет лица починаа, така што вкупниот број жртви достигна 245.
Досега се тестирани вкупно 55.227 лица, а активно заразени се 3.846 луѓе.