Големиот број на заразени е последица на масовното непочитување на мерките и протоколите, вели Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје и додава дека апелира граѓаните да се свестат и да ги почитуваат мерките, затоа што само така може да се добие битката против овој опасен вирус.

Денес во однос на бројот на тестирани, 18% се позитивни, а се излекувале 130 заболени.

Починале четири лица.

Од почетокот на епидемијата, со денешните 847, вкупно се тестирани 67.904 лица, позитивни биле 10.255, а се излекувале 6.106. Вкупно починале 316 лица.

Хоспитализирани се 193, а 17 пациенти се во критична состојба.