Во акција на ЕВРОПОЛ на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

by Fokus

Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа.

Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од Европол во врска со операцијата во која учествувале полициските служби на 28 земји.

Регистрирани се 2.500 нелегални влегувања на територијата на Европската унија и запленети се 106 парчиња огнено оружје. Запленети се и 304 килограми хероин, 147 килограми канабис и 1,3 килограми кокаин.

Балканската рута преку која илјадници транспортни возила влегуваат на територијата на Европската унија, активно се користи за илегална трговија со луѓе, огнено оружје и дрога до европските земји, посочуваат од Европол.

Поврзани новости