Најмногу пациенти заразени со Ковид-19 се уште има во Скопје, односно во главниот град се регистрираат 1.880 активни случаи. Од скопските општини се уште на врвот со бројот на заразени е Чаир, каде има 291 позитивен на новиот вирус. Сепак бројката во Чаир полека се намалува со оглед на тоа дека пред извесно време имаше и над 400 заразени.
Втора општина по бројот на заразени е Гази Баба, а блиску до нејзе е и општина Аеродром со дури 189 активни случаи.
• Чаир – 291
• Аеродром – 189
• Бутел – 140
• Гази Баба – 207
• Центар – 162
• Карпош – 168
• Сарај – 115
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 107
• Шуто Оризари – 104
• Арачиново – 34
• Илинден – 22
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 14
• Сопиште – 20
• Зелениково- 11
• Странец – 7