Во „8 Септември“ хоспитализирани 129 пациенти, девет се на респиратор

by Frosina Fakova

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти, а на кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле има 19 возрасни позитивни пациенти, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости