(Видео)Во 52 града и општини во Србија прогласена вонредна состојба поради поплавите

by Fokus

Во 52 града и општини во соседна Србија е прогласена вонредна состојба. Повеќе од 200 луѓе беа евакуирани. Патиштата беа оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони. Н ајкритично било во околината на Краљево, а со водената стихија се бореа речиси во сите делови на централна и западна Србија.

Се излеаја реки во Јагодина, Трстеник, Брус, Косјериќ и Сокобања. Бранот поплави се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

Во населбата Јабучар во Адран, на западноморавското крајбрежје во тек е евакуација од пет станбени згради. Екипата за спасување и работа на вода на Секторот за вонредни ситуации ги евакуира со брод, јави РТС.

„Пообилни врнежи денеска се очекуваат на истокот и југоистокот на Србија од 20 до 30 мм локално и повеќе. Во останатите региони ќе слабеат, а попладне и навечер врнежите ќе престануваат. На исток и југоисток, врнежите ќе престанат во недела до средината на денот“, се наведува во предупредувањето на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РЗМЗ).

Началникот на Дирекцијата за противпожарни и спасувачки единици на Министерството за внатрешни работи на Одделот за вонредни состојби на Србија, Недељко Гагиќ, изјави дека е прогласена вонредна состојба во 52 града и општини.

„Од почетокот на обилните дождови на 26 мај до денеска евакуирани се 295 лица кои беа во опасност, а за 24 часа евакуирани се 217 лица, дел од домови, дел од возила кои беа заглавени во поројни поплави“, рече Гагиќ.

Тој посочува дека повеќето од евакуираните од своите домови брзо се вратиле дома откако поминал бранот поплави и оти почнале да ги расчистуваат последиците.

„Немаме информации дека некаде има загрозени лица. Секој може да се јави на 193 или 192 ако е во опасност, брзо ќе му испратиме помош“, рече Гагиќ.

Поради одрон сообраќајот на патниот правец Асановац-Пожега кон градот Гугаљ се одвива со наизменично пропуштање на возила, соопшти ЈП „Патишта Србија“.

Поради излевање на вода на коловозот, сообраќајот се одвива забавено на патниот правец Кучево – Дебели Луг во градот Волуја и на патниот правец Латковиќ – Дудовица.

Поради одрон сообраќајот се одвива бавно на патниот правец Кучево – Дебели Луг во градот Бродица.

На патниот правец Ваљево-Косјериќ во градот Брајковиќи, сообраќајот е нормализиран по излевање на реката Кладороба.

Целата територија на градот Бор од вчера е во вонредна состојба. По обилните врнежи, порои се заканија на Доња Бела Река Кривељ, дел од Злот и други места, оставајќи зад себе голема материјална штета. Проблеми имаше и во рудниците Жиѓина, во Велики Кривеље беше спречена вода да влезе во рудникот.

Моравица во Сокобања стагнира, а Црни Тимок кој минува низ Бољевац и Зајечар опаѓа. И нивото на реката Бор се намалува.

Вонредна ситуација има во Сокобања и Бољевац, каде што е направена најголема штета.

Поврзани новости