Во 21-ви век, средношколци од Преспа останаа без превоз за Битола

by fokus

Околу 150 средношколци од Преспа, кои своето образование го продолжиле во Битола  денеска, втор ден не отидоа на настава поради немање бесплатен превоз. Учениците од селата Јанковец и Златари со овој проблем се соочувале од почетокот на учебната година, бидејќи немале платен превоз до Ресен и сами се снаоѓале.

Превозот за овие ученици го обезбедува општина Битола, со средства од Министерството за образование и наука.

Општина Ресен информира дека градоначалникот Живко Гошаревски разговарал со неговата колешка од Битола Наташа Петровска за надминување на проблемот.

– Проблемот во скоро ќе биде решен. Градоначалникот разговараше и со родителите на средношколците и им укажа дека ќе се надмине проблемот, соопшти општина Ресен.

Доколку проблемот не биде решен родителите се закануваат со порадикални мерки. 

Поврзани новости