547
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Македонија досега се направени вкупно 2.165.557 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, на починати е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.
Бројот на случаи генерално се намалува во сите градови на Македонија, а во 14 во моментов нема активни случаи на Ковид-19. Слободни од „ковид“ се Струга, Дојран, Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Валандово, Дебар, Делчево, Ресен и Кочани.