Во 13 часот протест на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина

by Fokus

Граѓани најавија дека денеска во 13 часот излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино.

Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

Во објавата на социјалните мрежу, граѓаните повикуваат на собирање и блокада на булеварот како израз на револт кон судската одлука.

„Утре, освен што ќе ги ‘бојкотирате’ маркетите, појдете на ‘Партизанска’, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот“, стои во повикот.

Фросина беше прегазена на пешачки премин, на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишниот Васил Јованов.

Граѓани вчера положуваа цвеќе и палеа свеќи на местото каде загина студентката по моден дизајн.

Поврзани новости