Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина

by Fokus

Граѓани најавија дека утре излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино.

Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.

Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина и претходно имал судир со законот – поседувал дрога. Кривичниот суд пресудил дека тој треба да оди во воспитно-поправен дом во Тетово, а обвинител барал притвор. Сепак, при изрекување на пресудата за Јованов, оваа мерка била укината. Обвинителот не се откажал од мерката и поднел жалба, за која до овој момент не е одлучено.

Поврзани новости