560
Собраниската конститутивна седница продолжува и денеска, во 11 часот.
Пратениците од ВМРО-ДПMНЕ и коалицијата, вчера во рамките на 15 продолжение на седницата главно преку реплики и контрареплики побараа од СДСМ да се откаже од платформата од Тирана, како и да се организираат брзи избори за излез од постојната криза.
Од СДСМ и коалицијата, пак, се воздржаа од реплики и процердурални забелешки. Во репликите и контрарепликите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, таканаречената „Тиранска платформа“ ја оценија како постизборен инженеринг.