Внуците во Романија да плаќаат дополнителна пензија за возрасните, или в затвор

by fokus

Владејачката партија во Романија планира да ги принуди возрасните потомци да им плаќаат „пензии за поддршка“ на своите родители, како и на бабите и дедовците, во спротивно ќе се соочат со затворска казна.

Со предлог законот, кој го поднесоа повеќе од 70 пратеници на ПСД во романскиот Парламент, се бара од возрасните деца да обезбедат финансиски средства за своите родители, дедовци и баби, како и прабаби и прадедовци кои живеат тешко, во облик на „пензии за поддршка“.

Станува збор за износ кој се одредува зависно од случајот. Предвидено е оние кои не ја исполнуваат оваа обврска да се соочат со парична казна или до три години затвор.

Во случај кога децата не можат да обезбедат пензија за издржување, обврската ќе ја преземат внуците на Романците кои немаат од што да живеат.

Поврзани новости