Внуците на британската кралица Елизабета Втора вчера ѝ оддадоа последна почит на нивната баба, собрани околу нејзиниот ковчег во Вестминстерската опатија.
Околу ковчегот беа синовите на кралот Чарлс, престолонаследникот Вилијам и неговиот брат Хари, а до нив беа и другите внуци.
Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска.
Лондон трескавично се подготвува за погребот на кралицата.
Британската премиерка и пратениците се заколнаа на верност кон кралот Чарлс Трет
Полицијата изјави дека безбедноста на погребот ќе биде поголема од безбедноста на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
На погребот се очекуваат околу неколку илјади луѓе, вклучително и неколку стотици лидери од целиот свет и членови на различни монархии.
Граѓаните ќе можат да и оддадат почит на кралицата до понеделник, 19 септември, во шест часот наутро пред државниот погреб, кој ќе се одржи во блиската Вестминстерска опатија.
Новиот крал Чарлс III го прогласи 19 септември за државен празник во Велика Британија.