1.2K
Внукот од сестра на Кочо Рацин, Зоран Синадиновски, денеска реагираше на коментарите на новинарот Цветин Чилиманов, изнесени за славниот македонски поет.
„Вујко ми Кочо Рацин животот го дал за слободата на Македонија. Целиот живот ѝ го посветил на борбата за подобар и поправеден свет, за едно општество на слобода, еднаквост и братство во кое ќе има правда и солидарност. Силно верувал во иднината и слободата на Македонија во која сите граѓани без разлика на вера, пол, етничко и социјално потекло и политичко убедување ќе живеат слободни и еднакви без делби и омраза. Неговиот живот и дела зборуваат кој бил и е Кочо Рацин – напиша Синадиновски.