Внукот на Ѓорѓе Иванов го доби името на својот дедо

by Fokus

На 4-ти април нашиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов стана дедо. По повод доаѓање на новиот член и прво внуче во семејствата Иванови и Кочови беше оирганизирана традиционалната прослава на која веселиот татко славеше до раните утрински часови.

Еден од гостите на прославата беше и македонскиот музичар Владимир Четкар кој објави фотографија со синот на претседателот, сречниот татко Иван Иванов откривајќи го името на бебето.

На крајот на месец февруари, Иван и Јана ја озаконија својата љубов во кругот на своите најблиски пријатели и семејтвата. Нежниот розов фустан кој го носеше невестата откри дека саканата на Иван е во поодмината бременост.

Само месец и пол по свадбената прослава семејството Иванови и Кочови го добија своето прво внуче – малиот Ѓорге Иванов – Јуниор ќе го носи името на својот дедо, нашиот поранешен претседател.

Среќниот татко, на својот инстаграм – профил ги сподели бројните честитки кои пристигнаа од најблиските пријатели и роднини, а таткото на Јана, Атанас Кочов, прв ја сподели радосната вест со своите пријатели преку социјалните мрежи.

 

 

Поврзани новости