402
Најстарата внука на американскиот претседател Џозеф Бајден, 28 годишната Наоми, ќерка на Хантер Бајден, се омажи за три години помладиот Питер Нил во Белата куќа.
Наоми и Питер решија венчавката да биде затворена за јавноста. Трошоците за венчавката ќе ги покрие семејството Бајден, соопшти Белата куќа.
Тоа беше прва венчавка во Белата куќа од 2013 година, а 19-та од првата венчавка во 1812 година.
Претходната венчавка се одржа во 2013 година кога тогашниот претседател Барак Обама му дозволи на фотографот од Белата куќа Пит Соуза да се ожени во областа на Белата куќа наречена Розе Гарден, која се граничи со западното крило на резиденцијата на американскиот премиер.