Муса Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кон крајот на минатата година бил уапсен бидејќи во неговиот дом била пронајдена марихуана и остатоци од хероин.
Информацијата првично ја објави телевизија Алфа, а според извори на ,,Фокус” станува збор за внук од братучед на Ахмети, кој и претходно наводно бил проблематичен.
На прашањето до МВР дали е точно дека лицето Муса Ахмети бил приведен, оттаму одговараат:
-На 29/30.10 2022 во времето од 19.10 часот до 00.10 часот по издадена наредба од Основен суд Кичево за вршење на претрес во дом и помошни простории, извршен е претрес во домот кај лицето М.А. (34) од село Зајас, кичевско. При претресот пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и кокаин, четири куршуми, чинија со остатоци од кокаин. За овој кривично правен настан под сомнение за сторено кривично дело известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево. На 20.12 2022 ОВР Кичево поднесе кривична пријав против М. А. од Зајас, информираат од МВР.