ВНИМАТЕЛНО ВО БЛИЗИНА НА УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ

by Fokus

Започна второто полугодие од учебната 2023/2024 година. После зимскиот распуст на учениците, зголемена е фрекфенцијата на сообраќајот во близина на воспитно-образовните установи. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повикува на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот.

Безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка грижа и на возачите и на пешачите. Токму затоа РСБСП советува:

– сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и меѓусебно да се почитуваат,
– возачите на моторни возила да се прилагодат на зимските услови на патиштата и да одржуваат поголемо растојание помеѓу возилата,
– да управуваат со возилото со намалена брзина имајќи ги предвид снегот, маглата, влажните и лизгави коловози, кога е поголем сопирачкиот пат на возилото,
– учениците и децата од градинките да не трчаат по коловозите и задолжително да преминуваат на пешачки премин,
– да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за пешаци, но секогаш да ја имаат предвид и сигнализацијата за возачите,
– родителите да ги запираат возилата пред воспитно-образовните установи на соодветно место и со поголема внимателност.

РСБСП апелира: Возете и пешачете внимателно во близина на училиштата и градинките. Да придонесеме за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на патиштата.

 

Поврзани новости