Од СВР Велес се огласија со апел до јавоста, поради состојбата со пожарите кои ја зафатија државата, и порачаа да се почитува забраната за движење во шума, како и да се внимава при палење на скара, фрлање на отпушоци и било какви лесно запаливи отпадоци, со цел да се избедна опасноста од предизвикување на пожари.
-Поради актуелната состојба со пожарите на отворено и шумските пожари, како и подолгорочната временска прогноза според која тропски температури ќе го одбележат ова лето, постои сериозна закана од настанување и ширење на пожарите кои можат да предизвикаат големи материјални штети па дури и човечки загуби. Апелираме до граѓаните за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание, потоа внимателно и совесно однесување во близина на шумски предели при палење скара, фрлање на отпушоци или фрлање на лесно запаливи отпадоци, како и доследно почитување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште, и тоа секој ден во периодот од 00.00-24.00 часот, која започна да важи од 11.07.2024 година, порачаа од СВР Велес.
Исто така, апелираат за навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со што би се загрозила безбедноста на подрачјето или на било каков начин би предизвикале или придонеле кон предизвикување на пожар, а брзата и ефикасна реакција од страна на граѓаните би овозможила и навремена и брза реакција на надлежните институции.