Екипата на Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги посети битолчани и ги праша што мислат за својот град.Тие ја пофалија Битола дека е град со душа, град со култура и полн со забава.
На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги префрлиле во Битола, граѓаните даваат изненадувачки одговори. Неколку од прашаните битолчани одговорија дека би сакале тоа да биде Македонската опера и балет, но и Министерството за култура. Додека едни се изјаснија дека не би сакале да биде како Скопје со облакодери, други пак сакаат облакодери, трговски центри и кино.
Други пак одговорија дека би тоа би било „централната банка“, како и „повеќето од половината министерства“, за трети пак, рекоа „се што е во Скопје треба да се префрли во Битола, иначе како ќе биди главен град?“
На прашањето „Дали Битола се држи јако, или и падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „и падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, но има и такви што сметаат дека : „Не баш да падна газо скрос, ама тука негде.“
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.
ПР